ВМРО-ДПМНЕ: Пeтре Шилeгoв co гoдини гo финaнcиpaл cekc кaмпoт кaдe ce тpayмaтизиpaни мaлoлeтни дeцa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Петре Шилегов со години го финансирал секс кампот каде се трауматизирани малолетни деца.

Вчера објавивме документ – информација испратена до директорите на средните училишта на Град Скопје од кој се гледа дека и во 2021 година Шилегов го финансирал секс кампот. – се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Според досега достапните информации. Шилегов го финансирал скандалозниот проект најмалку 2 години.

Залудни се обидите на Шилегов да се отргне од одговорност. Од документот кој вчера го објавивме се гледа дека од страна на Град Скопје е испратена информација до директорите на средните училишта на Град Скопје за тоа кои проекти се избрани на јавен повик и финансиски и поддржани од Град Скопје.

Во тој документ јасно е наведено дека проектите се насочени кон остварување на програмските цели на Град Скопје во областа на образованието.

Шилегов знаел или морал да знае за проектот. Шилегов сноси морална и политичка одговорност за овој скандал.

Со пари на скопјани е финансиран проект со кој се нанесени тешки психолошки трауми врз десетици малолетни деца.

Шилегов е директно виновен за психичките лузни врз десетици малолетни деца. – стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This