Изминативе четири ипол месеци ги видовме какви се. Нарушени национални интереси- катастрофален договор со Бугарија, најава за смена на името и идентитетот, колапс на економијата- пензионерите ги оставија без зголемување, се намали просечната плата иако најавија зголемување, добивате пониска плата од просечната која ја добивавте само пред 4 ипол месеци, падна индустриското производство- само во последното мерење за цели 5,3 осто, падна БДП за 1,9%, паднаа девизните резерви за повеќе од 170 милиони евра, а даноците ќе ги зголемуваат, куп афери со неисполнети ветувања- граѓаните не го добија ветениот поврат на ДДВ, нема поефтина струја, нема повисоки плати, ќе ги кратат субвенциите за земјоделците, непотизам и тендери за лично богатење и што уште не.
Ова го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на големиот митинг во Штип.
Новата ера, додаде Груевски, носи два ипол пати повисок приход по жител, односно од 5 на 12 илјади долари.
„Новата ера ќе донесе нови 150.000 нови работни места, сиромаштија помала за 3/4, најниски даноци, двојно намалена невработеност кај младите и поголеми можности за стекнување со сопствен дом, зголемени плати, пензии и субвенции, многу повеќе вложување во екологијата за почиста животна средина. Издвојување на 6% од БДП за финансирање на образованието, подобрување на квалитетот на знаeње и креативните способности на младите луѓе, со цел да се дојде во ситуација Република Македонија да влезе во првата половина на листата на Пиза во делот на образованието. Новата ера на големи вложувања во екологијата, Македонија која од нето увозник ќе стане нето извозник на електрична енергија, Македонија во која функционираат интелигентни и оддржливи градови, паркови и игралишта во секое маало“.