дома Актуелно ВМРО-ДПМНЕ СО ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА: Пораките на Иванов се позитивни, но треба поконкретно...

ВМРО-ДПМНЕ СО ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА: Пораките на Иванов се позитивни, но треба поконкретно и точно да ги каже виновниците за кризата!

Сметаме дека претседателот Ѓорѓе Иванов сосема точно и прецизно ги лоцираше проблемите со кои се соочи Р.Македонија во текот на 2016 година, како на домашен така и на меѓународен план – изјави на прес конференција по повод Новогодишното обраќање на претседателот Иванов, Антонио Милошоски

– Пораките на претседателот Иванов дека нема да се согласи со било какво редефинирање на Р.Македонија во насока на бинационална држава, кантонизирање или било какво редефинирање, е порака која што треба да стигнат до секој одговорен и совесен политичар во државата и пример за тоа како се бранат националните и државни интереси – изјави Милошоски

Милошоски додаде дека се очекувало од Иванов поконкретно да биде посочена одговорноста која треба да ја сносат сите виновници за насилните протести и вандализам, поради што треба точно да се посочочи кој точно е одговорен за кризата во државата.