ВМРО-ДПМНЕ: Со СДСМ нè очекува енергетска кpиза, народот плаќа 50 проценти поскапи горива – на грaбeжот мора да му дојде крај

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Со СДСМ нè очекува енергетска криза. Не знаат како да се справат со недостатокот на енергија, а сега посегаат и по покачување на цените на горивата, реагираше опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„РКЕ на Бислимовски ги покачува цените на горивата. Од утре ќе плаќаме 2,5 денари повеќе за дизелот, а за бензините 2 денари. Во последната година ипол цената бензинот од 50 денари, колку што била во април 2020 година, е качена на 75,5, а од утре ќе биде 77,5 денари, тоа е зголемување за 27,5 денари за година ипол. Додека цената на дизелот од 46 денари во април 2020 година сега е 65 денари, а од утре ќе се продава по цена од 67,5 денари, тоа е покачување од 21,5 денари. И бензинот и дизелот само во последната година ипол се покачени за 50 проценти. Ова е грабежот кој го спроведува Заев. Народот плаќа 50 проценти поскапи горива. На грабежот мора да му дојде крај. Излези и гласај за промени“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This