дома Актуелно ВМРО-ДПМНЕ убедливо победува на 15 јули, Заев губи и во Муртино

ВМРО-ДПМНЕ убедливо победува на 15 јули, Заев губи и во Муртино

ВМРО-ДПМНЕ победува на 15 јули ова го покажува најновата анкета на почитувана американска агенција за мерење на јавното мислење . Анкетите по изборни единици се најрелевантни, а токму ваква е оваа анкета, спроведена од Џон Мклафин близок соработник и човек од доверба на Доналд Трамп.

На Мклафлин пишува дека во изминатата година тој соработувал со ВМРО-ДПМНЕ спроведувајќи избори. Тој посочува дека само што биле готови резултатите од анкетите за изборите на 15 јули кои покажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи во 5 од 6 изборни единици.

Во првата изборна единица ВМРО-ДПМНЕ има водство пред СДСМ од 3 проценти со 28 напсроти 25 проценти за владеачката партија.

 

Во втората изборна единица ВМРО-ДПМНЕ има стабилна предност од 2 проценти. Во третата пак изборна единица ВМРО-ДПМНЕ има убедливо водство од високи 7 проценти. Зоран Заев губи и дома во четвртата изборна единица каде предноста за ВМРО-ДПМНЕ е убедливи 5 проценти.

Во петтата изборна единица предноста за ВМРО-ДПМНЕ изнесува 3 проценти. Единствена изборна единица каде во водство е СДСМ е шестата изборна единица.

Еве што неодамна напиша Доналд Трамп за соработката со како што вели почитуваната агенција за мерење на јавното мислење на чело со Џон Мклафлин.