ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов ce фaли co „Лимaк“ – пpoeкт нa Koце Тpajaновски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Шилегов се фали со проектот на ВМРО-ДПМНЕ и Коце Трајановски, „Лимак“ е инвестиција донесена пред Шилегов воопшто да стане градоначалник, обвинува ВМРО-ДПМНЕ.

-Проектот за подземна сообраќајница кај Јужен булевар е проектот кој е врзан со изградбата на станбено деловниот комплекс „Лимак“, инвестиција донесена од ВМРО-ДПМНЕ, изградбата на сообраќајницата е составен дел на договорот и проектот, и во никој случај не може да се поврзе со Шилегов. Доколку се чекаше на Шилегов да ја направи подземната сообраќајница кај Јужен булевар, тоа ќе завршеше како тунелот под Кале, велат од ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека Шилегов нема еден единствен свој проект.

Според партијата, Шилегов ќе останел запаметен како најнеуспешен градоначалник на Скопје.

-Шилегов е само добар повторувач, откако деновиве ги ископира проектите на Данела и половично презентирани ги кажува како свои сега почна и да презема проекти на ВМРО-ДПМНЕ од пред 6 години. Добро е што Шилегов ги фали проектите на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи така ги потсеќа сите дека во Македонија се што е направено во поновата историја е дело на ВМРО-ДПМНЕ, а по 17-ти октомври тие дела ќе продолжат со новите градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ, се вели во дописот од ВМРО-ДПМНЕ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This