дома Актуелно ВМРО-ДПМНЕ ЌЕ ПОБЕДИ СО 200.000 ГЛАСА РАЗЛИКА: „Дневник“ ја пресмета предноста на...

ВМРО-ДПМНЕ ЌЕ ПОБЕДИ СО 200.000 ГЛАСА РАЗЛИКА: „Дневник“ ја пресмета предноста на ВМРО-ДПМНЕ според последните анкети!

Убедливо мнозинство граѓани ќе гласаат за владејачката партија ВМРО- ДПМНЕ на претстојните предвремени парламентарни избори кои треба да се одржат на 11 декември, покажува најновата анкета направена од Институтот „Павел Шатев“. Според анкетата, за ВМРО-ДПМНЕ на изборите на 11 декември би гласале 27,8 отсто од испитаниците, додека за СДСМ својот глас би го дале 16,2 отсто од лицата кои биле дел од анкетата.

Пресметано во однос на вкупниот број гласачи 1.784.416 гласачи, колку што се заведени во Избирачкиот список, излегува дека за партијата чиј лидер е Никола Груевски би гласале 200.000 граѓани повеќе отколку за партијата на Зоран Заев.За коалицијата предводена од ВМРО- ДПМНЕ би се определиле 490.000 граѓани, а за нивните политички опоненти 298.100. лица.

Анкетата на „Брима Галуп“, објавена кон крајот на ноември, исто така покажа убедливо водство на ВМРО-ДПМНЕ.

Пресметано во однос на вкупниот број гласачи од 1.784.416 граѓани, колку што се заведени во прочистениот Избирачки список, излегува дека за ВМРО- ДПМНЕ би гласале 162.392 граѓани повеќе отколку за СДСМ. Така, за коалицијата на 25-те владејачки партии би се определиле 460.407 граѓани, а за нивните политички опоненти 298.015 лица. Ова е пресметката направена во однос на вкупниот број гласачи, а се разбира, во зависност од одѕивот на гласачите на денот на изборите тие бројки може да варираат. Но, и двете анкети покажуваат убедлива победа на ВМРО- ДПМНЕ на изборите кои ќе се одржат в недела.