дома Политика ВМРО – НП на Љубчо Георгиевски нема да учествува на локалните избори

ВМРО – НП на Љубчо Георгиевски нема да учествува на локалните избори

 

Извршниот комитет на ВМРО-Народна партија одлучил партијата да не учествува на престојните локални избори на централно ниво, соопштија од партијата.

Општинските комитети на партијата добија слобода сами да направат коалиции на локално ниво кои би биле во интерес на граѓаните.

Дадената поддршка на локалните кандидати за градоначалници и советници не е врзана со партиска припадност, туку треба да зависи од квалитетот на кандидатите за градоначалници и советници, велат од ВМРО-НП.