дома Хроника ВНИМАВАЈТЕ: Камион „убиец“ вози по автопатот Тетово – Скопје

ВНИМАВАЈТЕ: Камион „убиец“ вози по автопатот Тетово – Скопје

Фотографија објавена на Ѕидот на сообраќајниот срам пред околу 1 час покажува камион кој вози во спротивната насока на автопатот Тетово – Скопје кај наплатната рампа Желино.

 

„Еве ова ми се случи на ваќање од Тетово кај Желино. Страва.“ – напиша корисникот на социјалните мрежи на групата на Facebook.

Со оглед на тоа дека станува збор за автопат, по кој се вози само во еден смер, се поставува прашањето, како камионот се нашол во оваа лента во спротивен правец и веројатно најголемата среќа е што никој не настрадал