дома Македонија Внимавајте: Намалена видливост поради појава на магла на патниот правец Тетово –...

Внимавајте: Намалена видливост поради појава на магла на патниот правец Тетово – Попова Шапка

Поради појава на магла намалена е видливоста на патниот правец Тетово – Попова Шапка од 20 до 30 метри, соопшти Автомотосојузот на Македонија (АМСМ) во вечерниот извештај за состојбата на патиштата.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во сила е законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба.  АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Тоа посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.