дома Македонија Внимание: Може да добиете казна од 30.000 денари ако во пасошот го...

Внимание: Може да добиете казна од 30.000 денари ако во пасошот го имате ова

Иако стапи во сила во 2007 година, дури од пред неколку години Министерството за внатрешни работи почна да дели прекршочни пријави за несменето презиме во патна исправа.
Моминското презиме на невестите во пасошот ги чини од 100 до 500 евра.

Според информациите на МВР, досега постојано се изрекуваат прекршочни мерки токму поради оваа причина. Нема ниту една казна од 500 евра, казните најмногу изнесуваат 100 евра. Инспекторите најчесто делат опомени за тие што не ја напуштиле земјата или пасошoт го искористиле само за медениот месец.

Граѓаните се соочуваат со казни и кога ќе стигнат на шалтер на одделението за патни исправи. Оттаму се повикани на разговор со инспектор. Доколку пасошот е искористен, од страна на МВР следува глоба. Ако не се плати во рок од осум дена прекршочната пријава се испраќа до судија за прекршоци.

Во Законот за патни исправи е предвиден рок од 30 дена за промена на патните исправи доколку има промена на лични податоци.