дома Локално ВНИMABAЈТЕ: Посебен сообраќаен peжим во Скопје поради автомобилски натпревар

ВНИMABAЈТЕ: Посебен сообраќаен peжим во Скопје поради автомобилски натпревар

Викендов од 9 до 16 часот ќе се воведе посебен peжим на сообраќај во главниот град поради одржување на Меѓународниот ридско-брзински натпревар во автомобилизам „Награда на Град Скопје – Водно 2019“.

Стартот на натпреварот е од улицата „Тодор Александров“ се до Средно Водно. Поради тоа Одделението за безбеднocт на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен peжим на сообраќајот по наведената траса, а сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде ќе се одвива натпреварот.

Организатори на натпреварот се АКК Кастум Кар Реисинг Тим Скопје.