дома Здравје Водата во која отстојал лук треба да ја пијат луѓе кои патат...

Водата во која отстојал лук треба да ја пијат луѓе кои патат од замастеност, висок шеќер, остеопороза и слаб имунитет

Лековитата вода од лук е моќен лек за јакнење на имунитетот, многу е евтин и лесно се подготвува. Луковата вода ги спречува бактериите, паразитите и вирусите да продрат и да се размножат низ организмот. Притоа телото се исчисти од токсините и заштитува од настинки особено во ладните месеци.

Го забрзува регенерирањето на клетките и помага во опоравување од болести. Лековитата вода од лук е имуномодулатор и може да ја консумираат и здрави луѓе, како и дијабетичарите, оние кои имаат висок кр-вен притисок, висок холестерол, болни зглобови и бубрежно болните.

Има бројни сведоштва дека водата од лук помага дури и при слабеење. Лукот е широко распространет на нашите простори, а познат е по големиот број на лековити својства. Оваа исклучително здрава намирница е совршен зачин во подготовката на месо, супи, чорби и тестенини, а истовремено претставува и многу моќен природен лек.

Лековитоста на лукот се ценела уште од дамнешно време. Спроведени се голем број научни студии кои докажуваат дека лукот е природен антибиотик. Свежиот лук има повеќе од 400 активни супстанци и изобилува со антиоксиданси, витамини и минерали, меѓу кои се издвојува алицинот.