дома Занимливости Водоземец што ја закопува главата во песокот именуван по Доналд Трамп

Водоземец што ја закопува главата во песокот именуван по Доналд Трамп

Американските претседатели имаат тенденција да добиваат почести, но Доналд Трамп можеби ќе сака да го игнорира последниот, објави Би-би-си. Новооткриениот водоземец што ја закопува главата во песокот е именуван по него, очигледно како одговор на неговите коментари за климатските промени.

Dermophis donaldtrump, кој беше откриен во Панама, беше именуван од страна на шефот на компанија што понуди 25.000 долари на аукцијата за оваа привилегија. Компанијата соопшти дека сака да ја подигне свеста за климатските промени.

„Dermophis donaldtrumpi е особено подложна на влијанието на климатските промени и затоа е во опасност да исчезнат како директен резултат од климатските политики на својот имењак“, рече коосновачот на компанијата EnviroBuild, Ајдан Бел.

Малото слепо суштество е од видот caecilian, кој првенствено живее под земјата, а Бел направи нескротлива споредба помеѓу неговото однесување и однесувањето на Трамп.

Светските научници се согласни дека климатските промени се првично од човечка природа. Трамп, чија администрација водеше агенда за профосилни горива, ги обвини тие научници дека имаат политичка агенда и фрлаат сомнеж на тоа дека луѓето се одговорни за зголемувањето на температурите на Земјата.
Извор:актуелно24