дома Македонија Водството во Кичево потврдено со yбeдливa победа на Силјановска-Давкова!

Водството во Кичево потврдено со yбeдливa победа на Силјановска-Давкова!

Уште една општина избра жена за пртседателка. Според податоците на Република, Гордана Силјановска Давкова, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, однесе сигурна победа и во општина Кичево.

На прес-конференцијата на генералниот секретар на партијата во 21 часот од обработените податоци Силјановска беше во водство во Кичево. Пребројувањето ан сите гласови ја зaпeчaти победата на кандидатката во оваа општина.

Од 43% од обработените гласови Силјановска и ВМРО-ДПМНЕ водат во голем број избирачки места и општини: Битола, Велес, Кавадарци, Кичево, Кочани, Неготино, Охрид, Прилеп, Пробиштип, Свети Николе, Штип, Аердром, Бутел, Гази Баба, Кисела Вода.

Од обработените податоци веќе победивме во Пехчево, Јегуновце, Градско, Вевчани, Могила, Илинден, Лозово, Радовиш, Ѓорче Петров, рече Јанушев.