Ниту една инфраструктурна мета не би требало да биде исклучок – фабрики, водоводни мрежи, училишта, болници, продавници, велеше сенаторот во 1999 година
Сенаторот Џон Мекејн е во посета на Балканот. Тој ги посети речиси сите земји во регионот освен Македонија, но токму состојбата во нашата земја беше главна тема за разговор на средбата со српскиот премиер Александар Вучиќ.
– Тоа за нас е од огромно значење. Ако имаме незадоволни Албанци од состојбата во Македонија, може проблемот од таму да се пренесе кај нас и да имаме проблеми на југот на Србија. Доколку, пак, дојде до меѓумакедонски судир, што никој не го посакува, би предизвикал тешки последици за сите нас – нагласил Вучиќ.
Американскиот сенатор е познат по своите проалбански ставови и по поддршката да се бомбардира Србија во 1999 година. Тој дури побара да се гранатираат цивилни објекти, како што се болници, училишта и продавници.
– САД ризикуваат да ја изгубат војната со српската војска и нивната застарена опрема. Сето тоа го ризикуваме доколку не спроведеме масовен, стратегиски воздушен напад. Ниту една инфраструктурна мета не би требало да биде исклучок – фабрики, водоводни мрежи, училишта, болници, продавници. Сите жалиме за цивилните жртви, но тие се неизбежни – говореше Мекејн во 1999 година.