дома Хроника Воен пилот се онесвести за време на лет

Воен пилот се онесвести за време на лет

Видео снимка објавена од Националната гарда на Аризона покажува како воениот авион Ф-16 презема контрола над летот и спречува паѓање откако пилотот на обука се онесвестил по дејствувањето на Г-силата за време на изведувањето маневра.

На видеото се гледа како авионот понира кон земјата, се додека механизмот во ловецот не ја презеде контролата и го израмни авионот.

Ова е четврт случај до сега овој систем да спаси пилот и летало од пад, пишува Популар сајенс.