дома Хроника ВОЗАЧОТ ИЗБEГAЛ: 47 мигpaнти откриени во паркирано комбе кај Стрyмица

ВОЗАЧОТ ИЗБEГAЛ: 47 мигpaнти откриени во паркирано комбе кај Стрyмица

Синоќа на излезот од с.Банско кон с.Свидовица од полициски службеници од СВР Струмица и Регионален центар за гранични работи Исток по превземени активности пронашле паркирано товарно моторно возило „фиат дукато“ со скопски регистарски ознаки во кое што биле пронајдени 47 мигранти од Авганистан, Пакистан и Ирак, додека возачот на возилото го напуштил местото на настанот.

За настанот е запознат јавен обвинител, а мигрантите се сместени во Прифатен центар за странци во Скопје и Привремениот транзитен центар во Гевгелија.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Струмица и се преземаат мерки за расчистување на случајот.