Загаденоста на воздухот се уште е главоболка на граѓаните. Владата на СДСМ иако ветуваше итни мерки против загадувањето на воздухот и после година дена дури и во летниот период кога не е грејна сезона, загаденоста е над дозволеното ниво.
Најалармантна денес ситуацијата е во Тетово каде загаденоста е над 4 пати над дозволеното, додека во Лисиче во Скопје е два пати над дозволеното.
Во текот на зимата загаденоста на воздухот беше екстремно висока, а владата и локалните власт не презедоа никакви мерки за намалување на загадувањето. Скопје, Тетово, Битола и Струмица беа местата со највисока загаденост чии граѓани во голем број ги полнеа болниците поради проблеми со дишењето заради загадениот воздух.
Скопје во поголем дел од зимскиот период се наоѓаше и во топ 10 најзагадени градови во Светот, а владата и градоначалникот Петре Шилегов не направија ништо за да го намалат загадувањето. Едноставно чекаа да стопли времето и со завршување на грејната сезона се надеваа дека никој повеќе нема да ја забележува загаденоста.
Граѓаните се излажани и изманипулирани од СДСМ. Никаде ги нема мерките за чист воздух ниту пак нешто е спроведено за решавање на проблемот со загадениот воздух.