дома Хроника ВОЗЕЛЕ БЕЗ ДОЗВОЛА, НАПРАВИЛЕ СООБРАЌАЈКА: Три лица повредени во сообраќајка, возачите немале...

ВОЗЕЛЕ БЕЗ ДОЗВОЛА, НАПРАВИЛЕ СООБРАЌАЈКА: Три лица повредени во сообраќајка, возачите немале возачка дозвола

Три лица од кои едно потешко се повредени во сообраќајна несреќа која пред два дена околу 22 часот се случила на регионалниот пат Тетово-Пирок во тетовска Голема Речица.

 

Од полицијата информираат дека во несреќата учестувале патничко моторно возило „Пежо 306“, со тетовски регистерски ознаки управувано од Ш.Ф.(36) од село Ново Село, тетовско, и „Лупо“, управувано од Е.Б.(21) од Тетово.

-Двете возила лицата ги управувале без возачка дозвола. Во незгодата Р.Ф.(76) од Ново Село, сопатничка во „Лупо“ се задобила со тешки телесни повреди, а уште двајца сопатници од двете возила со телесни повреди. Трите повредени лица пренесени се во тетовската клиничка болница за укажување лекарска помош, информираат од МВР.