April 23, 2024, 10:37 am

Возеле на црно? – Ниту еден од зaгинатите шофepи не бил вработен во „Беса Транс“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Инфомакс дознава дека ниту еден од двајцата шофери кои ги загубија своите животи во трагичната несреќа во близина на Пирогов, Бугарија на автопатот Струма не биле вработен во компанијата „Беса Транс“.

Љупчо Зафиров е возачот кој управувал со автобусот на „Беса транс“ кој се запали на автопат во Бугарија, несреќа во која загинаа 46 лица, a името на неговата замена е Кадри Мемеди.

Ниту еден од двајцата возачи во моментот на несреќата не биле вработени во правното лице „Беса Транс“ со тоа што од наши извори дознаваме дека Љупчо Зафиров никогаш не бил вработен во Беса Транс, претходно се водел како вработен во друга фирма, а во моментот на несреќата тој се водел како невработен во Агенцијата за врабутвање.

Додека лицето Кадри Мемеди во моментов не е помеѓу вработените во „Беса Транас“, но во минатото не се исклучува можноста да бил ангажиран од фирмата.

Во моментов компанијата „Беса Транс“ има само пет вработени, а имињата на возачите кои се наоѓале во автобусот кобната вечер, не се помеѓу имињата на вработените.

Инфомакс испрати и официјално прашање во текот на вчерашниот ден до Министерството за транспорт и врски дали двајцата возачи кои ги изгубија животите во трагичната несреќа биле лиценцирани за превоз на патници за потребите на компанијата „Беса Транс“.

-Moже ли да ни одговорите дали и двајцата возачи кои загинаа во трагичната сообраќајна несреќа во Бугарија, Љупчо Зафиров и Кадрим Мемеди биле лиценцирани за превоз на патници за потребите на компанијата „Беса Транс“, гласеше прашањето.

До овој момент од министерството за транспорт и врски се уште немаме никаков одговор.

Министерот за транспорт и врски, Благоја Бочварски на прес-конференција посочи дека компанијата „Беса Транс“ имала само четворица лиценцирани возачи, а за Истанбул патувале осум возачи што упатува на уште една злоупотреба од страна на компанијата и уште еден превид на македонските власти.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This