дома Македонија Возете внимателно: Пpekини во сообраќајот на патниот правец Кичево – Охрид

Возете внимателно: Пpekини во сообраќајот на патниот правец Кичево – Охрид

На патниот правец Кичево – Охрид, кај село Врбјани, утре сообраќајот ќе биде во прекин 10 – 15 минути.

Како што соопшти Автомото сојузот на Македонија (АМСМ), прекинот е поради работи на пат (минирање) во период меѓу 12 и 15 часот.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и исклучително внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.