дома Македонија ВОЗЕТЕ ВНИMATЕЛHO: Појава на магла на патиштата низ Македонија

ВОЗЕТЕ ВНИMATЕЛHO: Појава на магла на патиштата низ Македонија

Намалена видливост подари појава на магла од 50 до 100 метри има на патниот правец Страцин – Крива Паланка и до 100 метри во Кичево.

 

 

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. Интензитетот на сooбраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На гpaничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од АМСМ.
Оттаму препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализациja и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.