дома Хроника ВОЗИЛО НА СЈО НАПРАВИ СООБРАЌАЈКА: Со возило на СЈО направиле сообраќајка, МВР...

ВОЗИЛО НА СЈО НАПРАВИ СООБРАЌАЈКА: Со возило на СЈО направиле сообраќајка, МВР нема информации

Возило на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) во вторникот малку по 16 часот беше инволвирано во сообраќаен инцидент во центарот на Скопје, информираат очевидци за НетПресс

Во Министерството за внатрешни работи ни изјавија дека засега немаат добиено известување за сообраќајката. Истакнаа, исто така, дека најверојатно станува збор за помал инцидент без посериозни последици, имајќи предвид дека досега не добиле пријава.