дома Спорт ВОЗНЕМИРУВАЧКА СНИМКА: На теренот во среде натпревар почина хрватскиот фудбалер Бруно Бобан

ВОЗНЕМИРУВАЧКА СНИМКА: На теренот во среде натпревар почина хрватскиот фудбалер Бруно Бобан

Голема трагедија ја погоди фусбалска Хрватска  откако вчера за време на првенствен натпревар почина Бруно Бобан, фудбалер на Марсонија.

Во 7. минути 26-годишниот фудбалер на Марсонија по еден добиен удар со топка во гради се сруши на терен, веднаш дотрчаа најпрво соиграчите и лекарските тимови а потоа и екипата на Брзата помош.

Борбата за живот на Бобан траела цели 45 минути, но на крајот не се успеа да се реанимира срцето на Бруно.

Утрово во јавноста за првпат излезе снимка од моментот кога Бобан паѓа на теренот, како и од борбата за неговиот живот, кој на крај не вроди со плод.