дома Хроника ВОЗНЕМИРУВАЧКО ФОТО: Возете внимателно, беше апелот на лицето кое ни ја испрати...

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ФОТО: Возете внимателно, беше апелот на лицето кое ни ја испрати оваа фотографија од сообраќајката кај Штип

Едно лице загина во тешка сообраќајна несреќа на регионалниот пат Штип-Велес, што се случила околу 14 часот. До нашата редакција пристигна фотографија од сериозноста на сообраќајната незгода, со апел возачите да внимаваат на брзината додека возат

Портпаролот на СВР Штип, Гордана Панајотова вели дека несреќата се случила помеѓу автобус со велешки регистарски таблички и автомобил марка „шкода“ со скопски регистарски таблички, кои се движеле во спротивни правци.

Во несреќата на лице место животот го загубил возачот во автомобилот „шкода“, чиј идентитет се уште не е утврден.