дома Балкан Вознемиpyвачко видео: Мигрaнт бpyтално пpoбоде и огрaби друг мигрант во Тузла

Вознемиpyвачко видео: Мигрaнт бpyтално пpoбоде и огрaби друг мигрант во Тузла

Мигрант чиј идентитет не е познат во јавноста е пронајден со убодна рана во близина на Автобуската станица во Тузла.

 Како што се гледа на видеото кое Тузлански.ба го сподели на социјалните мрежи, него со непознат предмет го прободува и физички го напаѓа друг мигрант.

Портпарол на Министерството за внатрешни работи на кантонот Тузла, Амра Капиџиќ, за Кликс изјави дека околу 12,30 часот, Итната медицинска помош ја известила Полициската станица Запад дека непознато лице, односно мигрант со убодна рана, се наоѓа во близина на Автобуската станица Тузла.

Полицијата сè уште трага по напаѓачот. Мотивот за овој напад сè уште не е официјално објавен. Сепак, како што пренесуваат локалните медиуми повредениот мигрант изјавил дека при нападот му биле украдени мобилниот телефон и парите.