Володин: Во САД наскоро ќе има политички затвореници

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Руската Државна дума (долниот дом на парламентот) Вјачеслав Володин изјави дека лицата кои биле следени и уапсени откако упаднале во американскиот Капитол во Вашингтон, ќе станат вистински политички затвореници.

Оние кои учествуваа во неовластени политички активности насекаде беа „помазани“ од Вашингтон како борци за слобода и демократија. Кога се случи истото во самите Соединетите држави, тие ги етикетираа овие луѓе како домашни терористи кои се соочуваат со 15-20 години затвор. Овие ќе бидат вистински политички затвореници – рече тој во на отворањето на пролетната сесија на Државната дума. Соединетите држави секогаш ги разбрануваа и поддржуваа насилните неуставни активности во многу земји, мешајќи се во нивните суверени работи, нагласи Володин.

„Во Европа, постсоветскиот простор, Блискиот исток, Азија, Африка и Латинска Америка“, прецизира тој. „Вашингтон ќе мора да признае дека или ова е политика на двојни аршини или имаат луѓе кои страдаа за своите политички ставови“, истакна говорникот. Според Володин, на сите им стана очигледно дека земјата „која предава на целиот свет за стандардите на демократијата“ ја поништи сопствената „демократска“ идеологија.

На 6 јануари, приврзаниците на Трамп упаднаа во зградата „Капитол“ во Вашингтон за да ги спречат пратениците официјално да ги потврдат резултатите од претседателските избори во ноември во последниот обид да спречат демократот Џо Бајден да стане нов претседател. За време на немирите загинаа пет лица, меѓу кои и еден полицаец.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This