дома Македонија ВОЛЈАТА НА ЖЕНАТА НА ПРВО МЕСТО: Усвоен нов Предлог-закон за aбoртyc!

ВОЛЈАТА НА ЖЕНАТА НА ПРВО МЕСТО: Усвоен нов Предлог-закон за aбoртyc!

Владата на Република Македонија го прифати и усвои новиот Предлог-закон за прекинување на бременоста, кој ќе биде доставен во Собранието. Законот е подготвен од Министерството за здравство.

Со измените на Предлог-законот, се остварува правото на жената за безбеден прекин на бременоста и укинување на постојните административни процедури, стои во соопштението од Владата.

„ Со новиот Предлог-закон, на жената ќе ѝ бидат овозможени комплетни, објективни и точни информации во врска со начинот на изведување на интервенцијата. Одлуката за прекин на бременоста, пациентката има можност да ја донесе свесно, без принуда од било кого, врз основа на објективни информации поврзани со интервенцијата, со посебна медицинска интервенција за која слободно одлучува бремената жена. Веќе нема да имаат потреба да чекаат три дена по советувањето за да биде спроведена интервенцијата, нема да биде принудена да објаснува зошто сака да ја прекине бременоста и никој друг нема да решава прекинот на бременоста. Правото на жената за прекинување на бременоста е само нејзин избор“, се вели понатаму во соопштението.

Новиот Закон предвидува дека прекинувањето на бременоста да може да се изврши до истекување на дванаесеттата гестациска недела со писмена согласност од бремената жена. Ако бремената жена е малолетна или ѝ е одземена деловната способност, прекинувањето на бременоста може да се изврши со писмена согласност од родителот, односно старателот на бремената жена.

Прекинот на бременоста може да се изврши по барање и со писмена согласност од бремената жена и по истекот на дванаесеттата гестациска недела, во случаи кога врз основа на медицински индикации со кои ќе се утврди дека бременоста претставува опасност по животот или ќе доведе до тешко нарушување на здравјето на жената за време на бременоста, породувањето или по породувањето. Овој закон предвидува, прекинувањето на бременоста по 22 недела да се спороведе со поедноставена постапка, или доктор гинеколог специјалист по гинекологија и акушерство ако има потреба да побара дополнително мислење од друг лекар специјалист по гинекологија и акушерство.