дома Занимливости ВОНЗЕМЈАНИ?: Откриен чуден вселенски звук, поразличен од се досега пресретнато!

ВОНЗЕМЈАНИ?: Откриен чуден вселенски звук, поразличен од се досега пресретнато!

Чудни и мистериозни звуци патуваат во вселената, а такви „брзи радио-пробивања“, често се само неразбирливи сигнали, а за прв пат се откриени пред неколку децении

Сигналите патуваат со милиајрди години за да стинат до телескопите на нашата планета и други машини. Иако неучниците можат да ги детектираат, никој од нив всушност не знае од каде таквите звуци потекнуваат.

И сега телескопот чија задача беше да лови сосема поразлични појави, случајно пресретна уште еден таков звук – ФРБ 180725А – и го забележа како најнизок фрекфенциски „удар“ било кога откриен, пренесува хрватски „Експрес“.

Иако неговото потекло е мистерија, научниците претпоставуват дека оваа необична експлизија би можела да дојде од некоја ѕвезда или тело како меѓуѕвезден облак, магла или регион околу црна дупка. Некои веднаш ќе помислат дека тоа е уште еден доказ во низата за постоење на вонземјани.