дома Европа Вонредната состојба со зaбpaна за движење била нeycтавна, одлучи Уставниот cyд на...

Вонредната состојба со зaбpaна за движење била нeycтавна, одлучи Уставниот cyд на Шпанија

Националната вонредна состојба, воведена минатата година поради пандемијата на корона вирусот, која вклучуваше строги мерки за заклучување на населението, беше неуставна, одлучи Уставниот суд на Шпанија.
Вонредната состојба во Шпанија, воведена во март март и овозможи на владата привремено да ги суспендира граѓанските слободи, заклучувајќи ги скоро сите Шпанци во нивните домови и блокирајќи ги сите поголеми индустрии, пренесува Ројтерс.

Одлуката дека вонредната состојба не е уставна, сепак не беше донесена едногласно, бидејќи пет од 11 судии на Уставниот суд се спротивставија на тоа, пренесе шпанската агенција Ефе.
По долго размислување, одлучувачки беше гласот на потпретседателот на судот, Енкарнација Рока, кој ја поддржа позицијата на петмината судии, јави Танјуг.