дома Русија ЗАГИНА ЛИДЕРОТ НА ДНР: Александар Захарченко загина во експлозија во ресторант

ЗАГИНА ЛИДЕРОТ НА ДНР: Александар Захарченко загина во експлозија во ресторант

Лидерот на самопроглесената Доњецка Народна Република Александар Захарченко загина во експлозија во еден ресторант во центарот на Доњецк.

„Лидерот на ДНР Александар Захарченко загина во експлозија во кафулето „Сепар“, а министерот за приходи и даноци Тимофејев е ранет“, соопшти извор од безбедносните структури на ДНР.

претходно е соопштено дека во ресторанот во центарот на Доњецк, одалечен неколку стотини метри од резиденцијата на Захарченко, одекнала експлозија, дека еден човек загинал, а тројца дека се ранети.

Подготви
Борислав Стоилковиќ