Вонредна состојба во четири општини во Србија – силните врнежи од снег предизвикаа големи проблеми

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Интензивните врнежи од снег и силен северозападен ветер вчера го зафатија поголемиот дел од Србија и затрупаа повеќе делови од земјата, поради што денес во земјата има проблеми со струјата, греењето, а вонредна состојба е прогласена во четири општини, јави дописникот на МИА од Белград.

Патарите ги чистат патиштата според приоритетите и наведуваат дека сите главни правци се проодни, соопштија од АМСС.

Дури 17 лица, меѓу кои и деца, останаа заглавени повеќе од 24 часа во куќа во Маљен на Дивчибаре. Од вчераутро во прекин е железничкиот сообраќај на линијата за Бар на релацијата Белград-Пожега.

Влажниот и обилен снег без струја остави илјадници потрошувачи. Термоелектраната „Никола Тесла“ во Обреновац се уште е во застој со производство, а 2.200 трафостаници се без напон ширум Србија. Термоелектраната „Никола Тесла“ (ТЕНТ) во Обреновац исто така е во застој со производството на електрична енергија. Од Секторот за воредни состојби соопштија дека повеќе од 90.000 потрошувачи немаат струја, главно поради тежината на снегот, а најтешка е состојбата во Златиборскиот, Мачванскиот, Колубараскиот округ, каде има сериозни проблеми со снабдувањето со електрична енергија. Поради ова прекината е настава во Обреновац.

Српската министерка за рударство и енергетика Зорана Михајловиќ во Обреновац изјави дека 30 отсто од вкупниот капацитет на електроенергетскиот систем во моментов е надвор од функција, но дека процентот ќе се намали во текот на денот и дека се очекува состојбата да се стабилизира во следните два дена.

Поради екстремно тешката состојба предизвикана од снежните врнежи, голем број општини се на чекор од воведување вонредна состојба. Вонредна состојба прогласија Нова Варош, Ивањица и Лучани. Претходно таа беше воведена во Сјеница.

Во пониските предели висината на снежната покривка на места достигнува 20 см, а на повеќето сообраќајници меѓу пет и 10 см. Утрово на Златибор се измерени околу половина метар снег, а на Копаоник 70 сантиметри.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This