дома Европа ВОНРЕДНА СОСТОЈБА НА ОСТРОВОТ ТАСОС: Втор ден пожарот не може да се...

ВОНРЕДНА СОСТОЈБА НА ОСТРОВОТ ТАСОС: Втор ден пожарот не може да се стави под контрола

Изгорени куќи, уништени имоти, повредни двајца пожарникар, евакуирани села, туристи и манастири – противпожарните служби втор ден водат битка пожарот на грчкиот остров Тасос да го стават под контрола.

Десет куќи изгореле во две села, Микро и Mегало Казавити. Пламените јазици стигне до селото Теолодос, каде има и загрозени хотели во северниот дел на островот.

Манастирите на Свети Панталејмон и Архангел се евакуирани. Има проблеми со електричната енергија на повеќе места.

Пожарот гори на четири фронта, а 170 пожарникари, 73 машини, 15 волонтери и 36 војници се вклучени во гаснењето на огнот. Еден пожарникар е повреден.

Пожари беснеат и на островот Атос, каде гасење на огнот се врши само со авиони. Нема опасност за луѓето на Атос каде започна да врне дожд.