дома Европа Вонpeдна состојба поради опacнocт од тepopизaм во Полска

Вонpeдна состојба поради опacнocт од тepopизaм во Полска

Полскиот министер за внатрешни работи Мариуш Камински денеска изјави дека во телефоните на бегалците кои влегле во Полска од Белорусија се пронајдени материјали поврзани со исламскиот екстремизам, поради што тој побара вонредната состојба во пограничната зона со Белорусија да се продолжи за уште 60 дена.

„Ситуацијата е многу напната и ќе поднесам барање до владата за продолжување на вонредната состојба за 60 дена“, рече Камински.
Полските власти презентираа материјал за време на прес -конференцијата, тврдејќи дека се текстуални пораки и слики поврзани со исламскиот екстремизам пронајдени на некои од електронски уреди што ги користат бегалците.

Полска, членка на Европската унија, прогласи вонредна состојба долж границата со Белорусија на почетокот на септември и го обвини официјален Минск за неконтролирано зголемување на бројот на бегалци кои илегално преминуваат во Полска, пренесува Ројтерс.