дома Балкан ВООРУЖЕН НАПАД НА ЈАДРАНОТ ПОПЛАДНЕВО: Има и повредени

ВООРУЖЕН НАПАД НА ЈАДРАНОТ ПОПЛАДНЕВО: Има и повредени

Во центарот на Пореч денес попладне дошло до вооружен напад во кој, како што јавуваат локалните медиуми, една личност е повредена.

Како што пренесуваат медиумите, се` се одвивало многу брзо и во тоа време било полно со луѓе, па не можело да се сфати кој пукал и кон кого пукал.

Луѓето веднаш се разбегале и се криеле по угостителските и хотелските објекти.

Уште нема точни податоци за инцидентот, но полицијата привела неколку осомничени лица.

Според информациите, повреденото лице веднаш е префрлено во болница.