дома Балкан ВОЈСКАТА НА СРБИЈА ДА ГО ЗАВЗЕМЕ СЕВЕРНИОТ ДЕЛ НА КОСОВО: Лазански повикува...

ВОЈСКАТА НА СРБИЈА ДА ГО ЗАВЗЕМЕ СЕВЕРНИОТ ДЕЛ НА КОСОВО: Лазански повикува на одлучна акција во Косово во случај на тензии!

Ако албанците повторно предизвикаат насилство на Косово или обид за ново етничко чистење, Србија би требала во истиот час најодлучно да одговори со завземање на северот на Косово – истакнува воено-политичкиот коментатор и аналитичар Мирослав Лазански, кој вели дека нема намера да повикува на војна

Тој сепак, апелира во случај на таков развој на ситуацијата војската на Србија со тенкови и бројно вооружување би требала да дојде до Ибра и да го поврати тој дел на српската покраина! Како што вели Србија не би смеела да ги повтори грешките од големото протерување на 17 март 2004 година и незаконското прогласување на Косово за независно во фебруари 2008 година.

Според него, во тие два наврати, Србија би можела да го врати барем северниот дел на Косово но не успеале во тоа поради тогашниот куквичлук во Белград.

– Ако повторно дојде до насилни акции на Албанците, ќе мораме да ги заштитиме Србите на северот на Косово, не можеме да седиме со скрстени раце – вели Лазански. За време на протерувањето во 2004 година, НАТО и трупите на КФОР се повлекоа. Можевме тогаш со тенкови да дојдеме до Ибра и тука да ја поставиме границата, барем тој дел од теритријата да го задржиме. Ниту втората прилика не ја искористивме во 2008, бидејќи имавме политичари кои немаат она што маж треба да го има – наведува Лазански и додава дека претходните влади во Србија сакале мирно решение за договорот, што според него не е доволно.

– Албанците се спремни да војуват за Косово, а ние не! Тоа е разликата. Штом имате национален проблем кој не е навремено решен, одредена ситуација со сигурност одново ќе се разгори. Успешнаа надворешна политика на некои земји не може да се базира на пацифизам и правни и дипломатски средства. Ако немате еквивалентна воена сила врз која ќе се потрпе дипломатијата, вие сте лузер и никој не ве зема за сериозно. Затоа важно е што Вучиќ изјави дека веќе никогаш нема да дозволи да се случи „Блесок“ и „Олуја“, што е потполно исправно, вели Лазански.