дома Актуелно ВОЈСКАТА НЕМА ХРАНА И ВОДА: Додека Шеќеринска јаде морски плодови и се...

ВОЈСКАТА НЕМА ХРАНА И ВОДА: Додека Шеќеринска јаде морски плодови и се вози во луксузни возила, војниците немаат храна и вода – тенковите не работат

Радмила Шеќеринска ќе остане запаметена како најлошиот министер за одбрана во македонската историја. Интензивната ПР кампањата која таа ја води во однос на доближувањето на Македонија до портите на НАТО очигледно пропаѓа, а за решавање на проблемите на армијата не помагаат ни честите средби со амбасадорите.

Според информации кои ги добиваме директно од армиските припадници, состојбата во АРМ е полоша него било кога.

Имено во АРМ недостига храна за војниците и тоа: свинско, пилешко, риба па дури фали и СДО. Покрај месните продукти фалат и други основни прехрамбени продукти како, шекер, сирење, зачини како и флаширана вода. Проблемот со недостигот на храната постои веќе неколку месеци.

Недостигот на флаширана вода е резултат на неажурноста на министерството кое повеќе од 2 месеци нема склучено договор за набавка на флаширана вода. Армијата набавува флаширана вода поради фактот што во повеќе касарни водата е бактериолошки неисправна. Во касарната пак во Штип војниците готват со превриена вода поради тоа што во водата се наоѓа ешерихија коли и истата не смее да се користи.

Покрај проблемите со недостигот на храна и вода постои и проблем со немање на превоз за војската на релациите Виница-Кочани-Штип-Куманово и Кочани-Штип. Додека армијата нема ни за леб, Шеќеринска и министерството за одбрана се луксузираат со народните пари. Многумина се сеќааваат на фамозната набавка на морски плодови и апетисани за потребите на МО во вредност од 80 илјади евра. Додека војниците гладуваат владата пак објави оглас за набавка на високо квалитетно месо во вредност од 40 илјади евра. А додека војниците немаат организиран превоз за да отидат на работа, неверојатни 187 илјади евра се користат за набавка на луксузно возило во кое ќе се вози Радмила Шеќеринска.

 

Минатата недела објавивме дека армијата нема моторно и хидраулично масло за тенковите, а тенковските вежби минатата недела се одвивале во тенкови без запален мотор, војниците си играле „влези излези“. Шекеринска покажа тотална неспособност во управувањето на оваа министерство, а армијата е претворена во средство за потсмев.

Оваа состојба е веќе една година, односно периодот во кој Шекеринска е на чело на ова министерство. Војниците не можат да реализираат ниту една нормална вежба, импровизираат и си играат како мали деца.

Ситуацијава иако е смешна, е трагична за државата. Имено од вкупно 35 тенка колку што има Република Македонија, ниту еден не е функционален, односно немаат масло и гориво. 31 од постоечките тенкови немаат ниту акумулатори, а акумулатори има само за 4 тенка. Тенковската единица е во целосен аут.