Во Албанија ќe зaпoчнe oбвpзyвaчка вakцинaциja вo aдминиcтpaцијата и вo пoлициjaтa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Албанската влада, со цел да ги сопре големите бројки на болни од вирусот Ковид-19, го проширува кругот на професии кои ке мора да се вакцинираат. По обзувачката вакцинација против Ковид-19 на лекарите, наставниците и студентите денеска министерството за здраство најави проширување на вакцинацијата и на вработените во  администрацијата, полицијата, во аптеките и здраствените лаборатории.

Заменик министерката за здраство во владата на Албанија Еугена Томини изјави дека се проширува кругот на вработени во одредени сектори каде што вакцинирањето ќе биде обврзно. Тиранскиот весник ,,Дита,, пренесува изјава на Томини во која таа наведува дека оваа вакцинација ке се реализира целосно до крајот на септември оваа година.

Истиот извор додава дека и во Албанија има одреден отпор на обврзувачката вакцинација, бидејки  оваа одлука на Владата се оценува како непочитување на човековите права. Албанското министерство за здраство истакнува дека вакцинацијата е неоходна бидејки со неа се заштитува и појавата на нови опасни мутации на Ковид-19.

Во деновиве има зголемување на бројот на позитивни на Ковид 19, и во просек последните три дена таа бројка е околу 900. Надлежните институции соопштија дека поголемиот дел се од Делта сојот  на Коронавирусот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This