дома Свет Во Амазон се yништeни шуми со големина на Либан за само една...

Во Амазон се yништeни шуми со големина на Либан за само една година

Уништувањето на шумите во Амазон во 2019 година е поголемо отколку што првично беше соопштено, се наведува во денеска објавениот владин извештај.

Бразилскиот Национален институт за истражување на Вселената во периодот од август 2018 година до јули 2019 година регистрира дека се уништени 10.129 километри квадратни шума.

Областа е со големина на Либан и е за 34,4 проценти повеќе од претходните извештаи за уништувањето на шумите во истиот период претходната година.

Според претходните податоци биле уништени 9.762 километри квадратни шума или 29,5 проценти повеќе од претходната година.

Податоците за 2019 година покажуваат најголемо уништување на шумите во бразилскиот дел на Амазон од 2008 година.