дома Балкан Во Бугарија нема да се вaкцинираат децата, ќе се вакцинираат само здрави...

Во Бугарија нема да се вaкцинираат децата, ќе се вакцинираат само здрави лица над 18 години

Се препорачува да се имунизираат сите здрави луѓе, кои немаат тешки хронични заболувања, и клинички манифестации во моментот и над 16-18 години. Задолжително е претходна консилтација со личниот лекар за да се нагласат сите индикации и контраиндикации за вакцината. Ова се наведува во изјавата на Бугарската академија на науките во врска со претстојната кампања за вакцинација против КОВИД-19, објави репортерот на БГНЕС.

Во мислењето се наведува дека ова подразбира брза организација на широки масовни медиуми и институционална кампања, така што лекарите и граѓаните можат да бидат многу добро информирани при донесувањето на одлука за вакцинирање која е од голем личен и јавен интерес.

Бугарската академија на науките вели дека во отсуство на специфичен и ефикасен лек против инфекција со коронавирус, што современата медицина го нема, освен строго почитување на анти-епидемиските мерки, единствената опција е вакцината.

„Ова е докажано со огромното, долгогодишно искуство што човештвото го стекна во борбата против заразни болести. Вакцината која е безопасна и има ефикасност од најмалку 50-60% (т.е. создава имунитет кај толкав процент од имунизираните) ќе има огромна улога во ограничувањето на инфекцијата. За жал, податоците што ги имаме досега покажуваат дека колективниот имунитет кон коронавирусот е многу бавен и практично е тешко да се постигне природно (што е исто така поврзано со големи етички и морални предизвици), затоа вакцините ќе помогнат многу“, се вели во соопштението.