April 25, 2024, 10:18 am

Во Велес митинг на Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ вечерва одржува митинг во Велес на кој ги претставува кандидатот за градоначалник на Велес Ненад Коциќ, носителот на советничката листа предводена од Марјанчо Николов, како и членовите на листата.
-Од сите понудени советнички листи во нашиот град, нашата советничка листа е најдобра. Најдобра е затоа што ги содржи сите атрибути што треба да ги содржи една советника листа со кадар способен да се носи со предизвиците за управување на локалната самоуправа. Советничка листа во која е запазена родовата еднаквост, 50 проценти од кандидатите за советници се мажи, 50 проценти се жени, иако законската обврска е 30 проценти. Запазен е и концептот за едно општество за сите, порача од митингот вечерва во Велес, носителот на листата Николов.

Тој нагласи дека сите кандидати за советници се луѓе кои, пред се, се чесни, совесни и одговорни во својата работа. Луѓе кои немаат ниту една дамка во својата кариера, луѓе коишто дел од нив се веќе докажани во своите професии и луѓе коишто допрва ги градат своите кариери.
-Ние како советници сакаме да служиме на граѓаните, не да владееме. Сакаме да решаваме проблеми, да не бараме оправдување. Ние сакаме едноставно да бидеме заедно со вас. Излезете слободно на 17 октомври, заокружете го бројот 12 за да освоиме најмалку 12 советници, да му помогнеме на идниот градоначалник д-р Ненад Коциќ да ја реализира својата програма, повика Николов.
Сакаме, додаде тој, да понудиме концепт на нова енергија, една нова визија за градот и Велес да биде едно од најдобрите места за живеење во Република Северна Македонија.

-Сакам да потенцирам дека ние сакаме да го ставиме граѓанинот, единката во центарот на нашата политика без разлика на нивната партиска, политичка или етничка припадност. Ние сакаме да се бориме за секој велешанец, порача носителот на листата за Велес.
На централниот настан вечер ќе се обратат и претседателот на СДСМ, Зоран Заев и кандидатот за градоначалник Ненад Коциќ.
Првиот централен караван „Најдоброто за мојата општина“ претходно денеска беше меѓу граѓаните на Градско и Чашка

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This