Вкупно 25 илегални мигранти од Пакистан, од кои еден малолетен, се пронајдени утрово во товарно возило кај археолошкиот локалитет Стоби.
Извршен е увид на местото на настанот. Возилото и мигрантите се предадени во Полициската станица Неготино за натамошна постапка. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето кое го управувало возилото.