дома Временска Прогноза Во Гевгелија најтопло, еве какво време не очекува во наредните денови

Во Гевгелија најтопло, еве какво време не очекува во наредните денови

Tемпературата на воздухот денеска во Гевгелија се искачи на 42 степени, а во Демир Капија се регистрирани 40 степени Целзиусови. Високи температури имало во сите градови, така според мерењата на УХМР во Охрид и Берово максималната температура била 34, Претор 35, Крива Паланка, Битола и Прилеп 36, Тетово 37, Скопје Петровец, Штип и Виница 38, Скопје Зајчев Рид и Струмица 39.

Времето во целта земја беше сончево и многу топло, во западните и крајните и источни делови со мала до умерена облачност. Дуваше слаб до умерен ветер претежно од западен и северозападен правец.

До крајот на денот ќе се задржи сончево со мала до умерена локална облачност, во планинските подрачја во северните делови со услови за краткотраен дожд и ретки грмежи. Долж Повардарието ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Намалување на температурата метеролозите најавуваат од утре.

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а на места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во текот на денот ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен северен ветер што ќе предизвика опаѓање на дневната температура. Утринската температура ќе биде во интервал од 14 до 24, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје, времето ќе биде сончево со умерена облачност и умерен до засилен северен ветер. Ќе има и услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 34 степени.

Од недела до вторник времето ќе биде претежно сончево, а дневните температури ќе бидат пониски за 5 до 6 степени во однос на денешните. Повторно дестабилизирање со локален пороен дожд и грмежи се очекува во среда.