дома Европа Во Германија негуватели по гpeшка вакцинирани со петкратна доза од вакцината против...

Во Германија негуватели по гpeшка вакцинирани со петкратна доза од вакцината против ковид-19

Во германскиот град Стралзунд се случи грешка на почетокот на имунизацијата против вирусот корона, кога осум негуватели беа вакцинирани со петкратна доза од вакцината, поради пропуст на лекар.

Според германскиот дневен весник „Билд“, вакцинирани се седум жени и еден маж, а половина од нив имале симптоми на грип по вакцинирањето.

Според властите на областа Форпомер-Риген, четири вакцинирани лица побарале прием во болницата со цел да се следи развојот на ситуацијата.

Откако биле вакцинирани во неделата, кај нив се појавиле симптоми на грип.

Во соопштението на округот се посочува дека производителот на вакцината, Бионтек, информира дека во првата фаза од студијата биле тестирани поголеми дози без поголеми последици.

За време на подготовката на инјекцијата, надлежниот лекар очигледно ги превидил информациите на пакувањето .

„Станува збор за шише со неколку дози, чија содржина треба да се раствори“, се наведува во соопштението на Бионтек, пренесува Танјуг.