дома Балкан Во Грција во битката со Ковид-19 ни на подобро ни на полошо...

Во Грција во битката со Ковид-19 ни на подобро ни на полошо – доаѓаат празници

People are tested for Covid-19 by medical staff in the waterfront of Thessaloniki on October 29, 2020 as Greek Prime minister said he will announce a new "action plan" on Ocotber 30 to help control the recent jump in infections, while adding that the regionals of Thessaloniki, Larissa and Rodopi, northern and central Greece, will go into lockdown following localized spikes in coronavirus cases. (Photo by Sakis MITROLIDIS / AFP)

Во Грција вкупно 102 лица починаа од ковид-19, а регистрирани се 1.395 нови случаиИзминатата седмица, конечно имаше стабилизирање на најтешките индикатори на пандемијата, односно на нови пациенти приклучени на апарати на дневно ниво и на смртните случаи во земјата, рече професорката епидемиолог и член на надлежната комисија во Министерството за здравство на Грција, Вана Папаевангелу на денешната редовна прес конференција за состојбата со коронавирусот, јави дописничката на МИА од Атина.

Во последните 24-часа во Грција се регистрирани 102 смртни случаи и 1.395 новозаразени, а Папаевангелу рече дека рестриктивните мерки, конечно носат резултат, а се забележува и намалување на новите случаи, кои во изминатите седум дена се во просек по 1.500 дневно.

Професорката објасни дека постојат две главни причини што ја загрижуваат Комисијата на епидемиолози и ја спречуваат да препорача укинување на мерките за време на новогодишните и божиќните празници.

Првата е исполнетиот капацитет на Одделите за интензивна нега, што заклучно со вчера беше 82 отсто, а втората причина е големиот број активни случаи во Грција особено во северниот дел на земјата.