дома КОВИД-19 (Коронавирус) ВО ЕК НА ПАНДЕМИЈА: Комуналните работници работат без заштитна опрема, а цел...

ВО ЕК НА ПАНДЕМИЈА: Комуналните работници работат без заштитна опрема, а цел ден се во контаkт со луѓе

Во рамките на иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за комуникација со граѓаните “вашите проблеми, заеднички решенија-ја сакам Македонија”, до нашата партија и денес пристигнаа десетици сугестии, предлози и пpoблеми со кој се соочуваат граѓаните – информираат од ВМРО ДПМНЕ.

Граѓанин од Скопје бара градот да ги снабди со заштитна опрема – маски, ракавици и скафандери, комуналните работници и другите работници од јавните претпријатија на град Скопје кои излегуваат на терен и вршат теренска работа. Работниците да не бидат голораки, кога цел работен ден се во допир со луѓе.