дома Свет Во Етиопија yaпceни peчиcи 800 лицa пopaди плaниpaњe нaпaди

Во Етиопија yaпceни peчиcи 800 лицa пopaди плaниpaњe нaпaди

Етиопската полиција уапси 796 наводни приврзаници на Народноослободителниот фронт на Тиграј (ТПЛФ) осомничени за планирање терористички напади во главниот град Адис Абеба, јави денеска државната телевизија Фана.

Засега нема коментари од етиопската влада или од ТПЛФ.

Конфликтот во Тиграј избувна на 4 ноември, кога силите на Народноослободителниот фронт на Тиграј извршија ненадеен напад врз позициите на етиопската армија.

Стотици луѓе беа убиени во конфликтот.