дома Актуелно (Во живо)Макрон ќе го посети местото на кое попладнево беше oбeзглaвeн француски...

(Во живо)Макрон ќе го посети местото на кое попладнево беше oбeзглaвeн француски наставник

Францускиот претседател Емануел Макрон вечерва ќе го посети предградието на Париз, Конфлан Сент-Онорин, каде беше обезглавен наставник од родител на ученик. Напаѓачот за време на нападот извикувал „Алах Акбар“ („Бог е голем“).

Макрон ќе замине во предградието северозападно од францускиот главен град по итниот состанок во Министерството за внатрешни работи.

Жртвата, како што објавија француските медиуми, е наставник по историја во средно училиште на колеџот и гимназија „Буа Д’Олн“. Тој неодамна им покажувал на своите ученици карикатури на Мухамед за време на час по слободен говор.

Истрагата која е отворена се води за „напад во врска со терористички потфат“ и „злосторничко терористичко здружување“. Таа е во надлежност на антитерористичките сили на полицијата и Генералната дирекција за внатрешна безбедност (ДГСИ).

Француската полиција го застрела и тешко го повреди напаѓачот.

Во твит, министерот за образование на Франција Жан-Мишел Блангуер го опшиша убиството на наставникот како напад врз Француската Република.

„Нашето единство и одлучност се единствениот одговор на ваквото ѕверство на Исламскиот тероризам“ – напиша тој.