дома Актуелно (Во Живо)ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД ВО ЛОНДОН: Експлодираше бомба во лондонското метро, повеќе лица...

(Во Живо)ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД ВО ЛОНДОН: Експлодираше бомба во лондонското метро, повеќе лица повредени!

Лондонската полиција официјално го прогласи за „терористички инцидент“ утринската експлозија во возот на лондонската метро станица „Парсонс грин“, во која се повредени повеќе лица, а во текот на попладнето ќе биде одржан состанот со Комитетот за итни делувања (ЦОБР) кој ќе го води британската премиерка Тереза Меј

АП пренесува дека лондонската полиција соопштила дека „поголем број“ на луѓе се повредени и дека полициските сили задолжени за борба против тероризмот водат истрага.

Ројтерс наведува дека Меј во соопштениет, во кое го највува состанокот на Комитетот, познат како „Кобра“, навеува дека нејзините „мисли се со повредените во Парсонс Грин и припадниците на спасувачките служби кои уште еднаш брзоихрабро одговараат на терористичкиот инцидент“.


Изворите од британските полициски сили за борба против тероризам за Би-Би-Си изјавиле дека нивната работна претпоставка е дека утринскиот инцидент во лондонското метро е тероризам. Се наведува дека и Скотланд Јард сеуште нема извештај за постоење на други експлозивни направи.